Поврзете се со нас

Шпанија

Куман пронајде замена за Пике: Импресионирани сме од неговото издание

Објавено

на

Барселона истрча со втор тим и со многу играчи кои досега ретко добиваа минутажа на гостувањето во Киев, но овој експеримент на тренерот Роналд Куман се покажа како крајно успешен, бидејќи каталонскиот гигант постигна дури четири гола во вториот дел.

Првото полувреме беше навистина скромно и заврши со разочарувачки 0:0, но во вториот дел, гостите од Шпанија ја преземаа контролата и со четири погдоци во мрежата на Бушан ги решија сите прашања околу тоа кој ќе ги освои бодовите.

Стрелци на погодоците беа Брајтвајт (2), Дест и Гризман, но во фокусот остана одличното издание на младиот Оскар Мингеза кои доби најголема пофалба од тренерот Куман, особено поради тоа што играше како замена за тешко повредениот Жерард Пике.

Младиот 21-годишен стопер со своето издание покажа дека Куман ќе може да се потпре на него, а и самиот Холанѓанец најави дека Мингеза ќе биде стартер и на викенд натпреварот во Примера и може да се гледа на него како замена за Пике.

– Мингеза сега има големи шанси да игра и овој викенд. Може да игра на многу повеќе натпревари во иднина. Ни докажа дека може да сметаме на него, иако како и секој млад фудбалери, има многу простор за подобрување. Долго време е во клубот, знае како треба да игра тимот и тоа е предност за него. Неколку недели наназад тренира добро со нас и ја искористи првата шанса која ја добри. Не импресионираше со своето издание, – порача Куман за 21-годишниот стопер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни