Шпанија
Куман проговори за својата иднина и дали ќе остане тренер на Барселона: Новиот претседател ќе донесе одлука

Овие денови во Каталонија најмногу се зборува за претседателските избори кои според многумина треба да бидат решението за кризната состојба во клубот.
Главен фаворит во трката е Жоан Лапорта кој нуди најдобар план за излез од кризата, а дефинитивна одлука за тоа ќе падне во недела за кога се закажани изборите.
Кој и да победи се чини дека ќе го менува актуелниот стратег, Роналд Куман кој со тимот игра „топло-ладно“ цела сезона, но сепак има можност да го освои Купот на Кралот и со тоа да ги залечи раните од лошите натпревари годинава.
Куман уште еднаш беше запрашан дали ќе остане во клубот по крајот на сезоната, на што холандскиот стратег даде доста лут одговор.
– Навивачите и медиумите се заинтересирани само да прават контроверзни ситуации. Најважно ми е да не се нервирам поради ова и да се сконцентрирам на подготовката на тимот за претстојните натпревари. Значи, тоа не ме интересира. Не ме нервира кога ќе го слушнам името на Чави или на друг тренер.
– Новиот претседател ќе биде избран овој викенд, тој ќе ги носи одлуките. Ќе зборуваме. Ми здодеаа овие прашања и ги примам веќе подолг период. Важно е Барселона да има претседател затоа што тоа е најголем клуб на светот. Тоа е важно за мојата иднина и за иднината на тимот. Тоа е неопходно за подобрување на процесот во клубот, – додаде Куман.

- Италијапред 17 часа
Гоче е пример за фудбалер: Италијанците му го потенцираа историскиот рекорд, Пандев одговори скромно во свој стил
- Светпред 17 часа
Перез конечно се огласи: Супер лигата не е мртва, не ни добивме шанса да го објасниме проектот
- Англијапред 15 часа
Бејл го „пецна“ Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме
- Шпанијапред 16 часа
Бензема го израмни рекордот на легендарниот Раул
- Англијапред 16 часа
Гвардиола е импресиониран од него: Тој станува сериозен играч
- Францијапред 18 часа
Ова ретко се гледа не терените: Магичната асистенција на Ди Марија во Куп победата на ПСЖ (ВИДЕО)
- Светпред 13 часа
Чеферин за својата страна од приказната: Дајте ми 24 часа и Супер лигата нема повеќе да постои!
- Италијапред 17 часа
Португалецот со очајна реакција: Роналдо повторно се посрамоти во живиот ѕид на Јувентус (Видео)