Поврзете се со нас

Свет

Куман прецрта фудбалер кој ќе има важна улога во големото финале во ЛШ, па мораше да даде објаснување

Објавено

на

Foto:twitter.com/OnsOranje

Роналд Куман објави поширок список на фудбалери на 16-ти мај и тогаш беше јасно дека ќе мора да отпаднат четири играчи, а денеска холандскиот селектор напарви рез и ги избра среќните 26 патници за Германија.

Куман се реши да ги прецрта голманот Ник Олиј, дефанзивец Јан Матсен, како и двајцата играчи за врска Кинтен Тимбер и Мартин Де Рун кој отпаѓа поради повреда.

Од сите изоставени, најголемо внимание привлече неселектирањето на Матсен, фудбалерот на Челси кој одигра брилијантна сезона во Борусија Дортмунд и кој се очекува да има значајна улога во големото финале во Лигата на шампиони кое се игра во сабота.

– Имаме повеќе опции на левата бековска позиција и предност им дадов на други играчи пред Матсен. Дејли Блинд имаше фантастична сезона со Џирона, Ван де Вен игра како лев бек во Тотенхем, а тука е и Натан Аке од Сити.

– Ова утро водеве разговор со Матсен преку „Фејстајм“. Не беше тешка конверзација за мене, ова ми е работа и знам дека вакви моменти секогаш ќе дојдат. Морав да размислам кога е вистинско време да му соопштам, бидејќи пред него е големото финале во Лигата на шампиони. Решив дека треба да му соопштам денес, за потоа да има три дена да се фокусира на финалето во ЛШ. Нормално дека е разочаран, но тоа е дел од фудбалот, – објасни Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни