Поврзете се со нас

Шпанија

Куман повторно го закачи Лапорта: Сакав да го донесам Вајналдум во Барселона, ама претседателот…

Објавено

на

Роналд Куман доби отказ од Барселона минатата сезона, а по истиот во повеќе наврати го нападна сегашниот претседател на клубот Жоан Лапорта.

Холанѓанецот дојде во деликатно време на „Камп Ноу“ каде во првата сезона успеа со тимот да го освои Купот на Шпанија, но во втората екипата беше далеку под посакуваното ниво и клубот на чело со Лапорта одлучи да се ослободи од легендата, потег кој тешко му падна на човекот кој и ја донесе првата европска титула на Барселона.

И покрај тоа што веќе помина скоро една година Роналд се уште знае да го закачи Лапорта, па така ја искористи последната прилика да го обвини дека тој не му го донел во тимот Џини Вајналдум, играч кој беше слободен по епизодата во Ливерпул за да крајот потпише во ПСЖ.

-Сакав да го доведам Вајналдум во Барселона, но претседателот Лапорта повеќе сакаше да си игра со мене отколку да го донесе играчот, -истакнал поранешниот холандски селектор.

Инаку Вајналдум во актуелнава кампања е во Рома, меѓутоа во моментов не му е достапен на Мурињо поради повреда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни