Поврзете се со нас

Шпанија

Куман повторно го „поздрави“ Лапорта и откри какво мислење има за Чави

Објавено

на

Foto:twitter.com/OnsOranje

Чави Ернандес го наследи Роналд Куман и е на добар пат да ја освои титулата во Ла Лига во својата прва целосна сезона како тренер на Барселона, па токму поради тоа, доста интересно е да се слушне какво мислење има за него претходникот на клупата на каталонскиот гигант.

Холандскиот стручњак пред извесно време се врати на селекторската функција во родната земја и повторно ги предводи „лалињата“, но будно ги следи и случувањата на „Камп Ноу“ каде управата ова лето ќе се обиде да ја поправи грешката која ја направи кога тренер беше Куман.

Роналд беше оставен на цедило и остана без Лионел Меси во најнеочекуван момент, а само неколку месеци подоцна, заработи отказ од Жоан Лапорта и на негово место пристигна Чави.

– Меси е најдобар играч во светот и секој кој го има во својот тим е подобар со него. Денот кога си замина од Барселона беше премногу лош, не беше добро тоа што одговорните луѓе му дозволија да си замине, – порачува Куман кој со ова го „поздрави“ Лапорта, но сепак има добро мислење за Чави.

– Барселона речиси ја има освоено Ла Лига и тимот многу се подобри во последно време. Чави беше важен играч за БАрселона и е многу добар тренер за Барса. Ако ја освои титулата, најдобро е да остане во клубот, мислам дека извршува одлична работа. Секогаш кога сум зборувал со него, тој покажувал почит кон мене и задоволен сум како се однесува, – открива Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни