Поврзете се со нас

Европски првенства

Куман повика нов играч по откажувањата на Де Јонг и Копмајнерс

Објавено

на

Foto:twitter.com/OnsOranje

Френки Де Јонг и Тен Копмајнерс се повредени и нема да можат да и помогнат на Холандија на Европското првенство кое од 14 јуни до 14 јули ќе се одржи во Германија.

Де Јонг не успеа навреме да закрепне и со оглед на тоа што не е фит отпадна од комбианција, додека пак Копмајнерс вчера сам се повредил на загревањето за мечот со Исланд, повреда која го отпиша од настап за шампионатот.

Ова дефинитивно се проблеми, главоболка за селекторот Роналд Куман кој веќе повика едно ново име, Иан Матсен. Матсен е под договор со премиерлигашот Челси, но постојано е испраќан на позајмица, па така вториот дел од кампањата 2023/2024 го мина во Борусија Дортмунд каде може и да остане во иднина.

Тој ќе им се приклучи на сонародниците во кампот во Волфсбург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни