Поврзете се со нас

Шпанија

Куман постави едно прашање и ги загрижи фановите на Барса: Ако Меси си замине од тимот…

Објавено

на

Барселона ќе останеше без математички шанси за титулата дури и да ја победеше Селта Виго денеска, но разочарувањето кое почна да расте во последно време, ова попладне доби своја кулминација на „Камп Ноу“ бидејќи тимот на Роналд Куман претрпе нов непријатен пораз.

Барса загуби 1:2 од тимот од Галиција и се самоотпиша од било каква борба за трофејот во Ла Лига, но што е уште полошо, последниот натпревар на домашен терен оваа сезона го заокружи со нов неуспех кој ја потврдува лошата кампања на каталонскиот гигант.

По новиот неуспех, Куман не сакаше да зборува за својата иднина во тимот и не даде никаков одговор на таа тема, но затоа се огласи за иднината на Лионел Меси и постави едно прашање кое и тоа како треба да ги загрижи фановите на Барселона.

– Се надевам дека ова не беше последниот меч на Меси на „Камп Ноу“. Тој се уште е најдобар играч во светот и тоа го докажуваше оваа сезона од ден во ден. Играње без него е невозможно за овој тим. Постигна 30 гола оваа сезона, донесе толку многу бодови како и порано. Очекуваме да остане, но тоа е прашање за Лео. Моето прашање е следно. Ако не е тука Лео и си замине од тимот, кој играч ќе даде 30 гола за Барселона?, – запраша Куман, а потоа беше потсетен дека неговиот тим освои само пет бода на последните пет меча во Ла Лига.

– Проблемот не е овој меч денеска. Имавме најдобра шанса против Гранада, се ќе беше поинаку. Начинот на кој загубивме на тој меч на кој имавме шанси, зададе тежок удар. Мора да го прифатиме тоа. Шампионот заслужено ќе стане шампион, ние сигурно нема да бидеме тоа, – се помири Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни