Поврзете се со нас

Шпанија

Куман: Ова не е нормално, не се плашам за мојата иднина

Објавено

на

Барселона утре ја дочекува Гранада во меч во кој мора да го добие за да ја поправи атмосферата и лошиот впечаток кој го остави на дуелот против Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Ова е дуел кој е и важен за тренерот Роналд Куман за кого медиумите информираа дека наводно добил ултиматум, односно дека неговата иднина на „Камп Ноу“ ќе зависи од утрешниот меч како и од пресметките против Кадиз и Леванте.

Наводно ова се средби на кои каталонците едноставно мора да освојат девет бода ако Куман сака да продолжи на сегашната функција, но Холанѓанецот е мирен и порача дека едноставно не стравува за неговата иднина.

-Имаше многу промени во тимот, има играчи кои се повредени и играме со многу млади. Луѓето кои тоа го знаат ќе ви кажат дека минуваме низ промени и дека е потребно време, но она што е важно е да победувате во натпревари.

-Пред да играме со Баерн имаше прашања за продолжување на мојот договор. Загубивме со 3-0 и сега прашањата се дали се плашам за својата иднина. Мислам дека не е нормално. Ние сме убедени дека можеме да победиме на натпреварите, има уште многу да с еигра. Знам дека резултатите се бројат. Не се плашам за својата иднина. На крајот на денот, клубот и претседателот ги носат одлуките, -порача Куман.

-Секој е слободен да го каже своето мислење, -додаде Куман на прашањето дали смета дека има кампања против него.

-Сигурен сум дека има луѓе за и против Роналд Куман. Не зборувам, тие зборуваат. Има луѓе кои сакаат да продолжам и други кои мислат дека Барса треба да бара некој друг. Не можам тоа да го променам, -заврши стратегот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни