Поврзете се со нас

Свет

Куман откажал преглед кај кардиолог пред да доживее срцев удар

Објавено

на

Холандскиот селектор Роналд Куман признал дека имал многу среќа во ситуација кога итно беше префрлен во болница поради проблеми со срцето.

Куман имал закажан преглед на срцето поради смртта на неговиот татко од срцев удар, но истиот бил презакажан за 4 јуни поради коронавирусот.

Кратко потоа, Куман се пожалил на силни болки во градите и бил префрлен во болница со амбулантно возило, а четири дена подоцна беше пуштен на домашно лекување.

– Сега се прашувам колку луѓе не преживеале по откажан преглед на таков начин, – вели Куман кој алудира на фактот дека одложувањето можел да го плати со сопствениот живот.

Во моментов холандскиот селектор се чувствува добро, вели дека користи одредени лекови и три пати неделно тренира со физиотерапевт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни