Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Куман остана без текст од изданието на тинејџерот: Импресивно и нестварно (Видео)

Објавено

на

Барселона одигра перфектен меч синоќа во Торино и сосема заслужено го совлада Јувентус со 0:2, дуел кој според Роналд Куман требал да биде решен многу порано со оглед на големиот број пропуштени шанси кои ги имаше неговиот тим.

Холандскиот стручњак го издвои тимскиот квалитет кој го прикажаа неговите избраници и нагласи дека ова бил најдобриот натпревар на Барса под негово водство, но исто така, не заборави да го испофали и тинејџерот кој имаше зрело и блескаво изднаие на „Алијанц стадионот“.

– Ова беше најдобриот натпревар откако сум тука, го игравме нашиот фудбал и создадовме многу шанси за гол. Требаше да го решиме мечот многу порано, но пресреќен сум од изданието на тимот и карактерот кој го покажавме. Ова е голема победа на тежок терен, – изјави Куман кој во продолжение не штедеше комплименти за 17-годишниот Педри кој го одигра цел меч и беше заменет во судиското надополнување.

– Овојпат сакам да ја истакнам работата на цел тим, но ако ја земеме во предвид возрасте на Педри, ова што го прави и импресивно, навистина нестварно. Докажа дека има карактер на теренот, премногу е смирен и покрај тоа што има само 17 години. Тој е иднината на Барселона, – додаде Роналд кој имаше позитивни зборови и за Гризман.

– Антоан одигра добар меч, неговите удари не можеше да бидат подобри, едноставно немаше среќа со реализацијата. Треба само да продолжи да работи, головите ќе дојдат, – заврши тренерот на Барса.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни