Поврзете се со нас

Шпанија

Куман обелодени каков епилог очекува од големото мадридско дерби на „Ванда“

Објавено

на

blank

Барселона направи фантастичен пресврт против Севилја и со голем елан може да се насочи кон новиот предвизвик во шпанската Примера, натпревар на кој победа ќе биде од огромно значење поради фактот што овој викенд се игра и големото мадридско дерби.

Барса утревечер и гостува на Осасуна на Памплона и холандскиот стручњак нагласи дена неговиот тим мора да си ја заврши своајта задача на теренот, пред да се насочи кон неделното дерби, за кое нагласи дека најдобар епилог за Барселона ќе биде Атлетико да загуби бодови како лидер на табелата во Примера.

– Многу е важно да победиме на нашиот утрешен меч, бидејќи во недела има натпревар меѓу Атлетико и Реал Мадрид. Играат еден против друг. Најдобро сценарио ќе биде двата тима да загубат бодови, – порача Куман, јасно алудирајќи дека посакува реми.

Атлетико во овој момент има 5 бодови повеќе од Барселона со натпревар помалку, а истото важи и за Реал Мадрид кој секако ќе посакува да слави на „Ванда Метрополитано“.

– Најважен за нас е нашиот натпревар овој викенд, мораме да победиме. На другиот меч, најдобро е бодови да загуби тимот кој е на првото место на табелата, нема да бидам лицемер и да лажам, – изјави Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни