Поврзете се со нас

Шпанија

Kуман: Не е лесно да се биде мирен, Барса може да се бори за титулата

Објавено

на

Барселона утре ја очекува домашен предизвик и тоа битка против секогаш незгодната Валенсија.

Тоа е дуел кој каталонците мора да го добијат и за тоа е свесен и тренерот Роналд Куман кој како што е познато веќе подолго време е под притисок поради лошите резултати и партии на екипата.

-Мораме да победиме, не очекува исклучително важен натпревар. Ќе играме на наш терен што значи дека очекувањата ќе бидат големи. За да ги имате најдобрите игри, треба да ги имате на располагање сите играчи. Малку по малку, ќе бидеме подобри. Некои играчи се уште не се на врвот. Сега сум посреќен што некои момци закрепнаа. Немавме среќа. Верувам дека можеме да се бориме за титулата, -вели Холанѓанецот кој одново проговори за неговата иднина на „Камп Ноу“.

-Се обидувам да бидам смирен што не е лесно. Ја фокусирам мојата енергија на работи кои можам да ги контролирам. Мораме да тренираме, да подобриме некои работи, да се подготвиме за натпреварите. Јас сум навикнат луѓето да зборуваат за мојата иднина, тоа нормално е кога работите во толку голем клуб. Тоа се случи и минатата година. Претседателот ме поддржа и јасно ми кажа како стојат работите. Но јас како тренер свесен сум дека ни требаат победи. Не сакам да зборувам за минатото, туку да размислувам за она што е во иднина и да го правам она што е најдобро за клубот, -заклучи Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни