Поврзете се со нас

Шпанија

Куман не бил прв избор на Барселона, „каталонците“ договориле друг тренер, но на крај ја оплескале работата

Објавено

на

Роналд Куман мака мачи да ја исправи Барселона кон вистинските патишта по лошата сезона минатата година.

Сепак, наместо подобрување во тимот, оваа сезона гледаме уште послаби партии на каталонскиот клуб кој веќе ги загуби шансите за освојување на титулата во Ла Лига, а со убедливиот пораз во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионитео против ПСЖ (1:4) речиси сигурно ги загуби шансите и за пласман во следната фаза од најелитното европско натпреварување.

Барселона пред Куман го пикирала тренерот на Ривер Плејт, Марсело Гаљардо како наследник на Ернесто Валверде. Според поранешниот фудбаелр и сегашен спортски новинар, Мариано Хуан, Абидал го контактирал Гаљардо кој бил подготвен да седне на клупата на „каталонците“.

– Неколку часа го делеа Гаљардо за да стане тренер на Барселона. Ривер играше финале против Фламенго, а Гаљардо зборуваше со Абидал преку телефон. Тој сакаше да оди в Барселона, но Валверде се уште беше тренер. Му кажа на Абидал дека останува во Ривер ако ги почне претсезонските подготовки со нив и тоа е тоа.

– Валверде по тој разговор доби уште неколку натпревари, а клубот го одложи доаѓањето на Гаљардо. Во декември се беше договорено, а потоа Барселона стопираше се. На крајот Ривер ги почна подготовките, а Гаљардо остана во тимот. Неколку седмици подоцна Валверде доби отказ, но Абидал не можеше да го убеди Гаљардо да дојде. Му беше криво што се испадна така и што немаа храброст да го отпуштат Валверде порано, -изјави  Мариано Хуан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни