Поврзете се со нас

Шпанија

Куман направи споредба меѓу двата тима со кои располагаат тој и Анчелоти: Не се плашам од Реал

Објавено

на

Роналд Куман во неколку наврати нагласи дека Барселона заостанува кога се во прашање најсилните тимови во Европа во овој момент, но ако се суди според денешната изјава на холандскиот стручњак, во тој кош не е вметнат и Реал Мадрид.

Во најавата за утрешното „Ел Класико“ кое се игра на „Камп Ноу“, Куман направи една споредба меѓу двата тима кои ги поседуваат тој и Карло Анчелоти, и излезе со завршен заклучок дека станува збор за доста слични екипи по квалитет, поради што, без никаков страв го подготвува големиот меч на домашен терен.

– Не можам точно да кажам кој има подобар тим, можеби постои разлика во искуството, но и ние сега имаме повозрасни фудбалери. Горе-доле, мислам дека сме на исто ниво. Има детали во кои тие се подобри, има детали кои се на наша страна. Ќе се обидеме да го извадиме најдоброто од нас и не гледам јасен фаворит за утрешниот меч.

– Не знам дали јавноста не верува во нас, но ние веруваме во себе пред овој меч. Знаеме што поседуваме и дека можеме да им наштетиме. Играме дома, пред нашата публика.

– Ова ќе биде прво „Ел Класико“ за мене како тренер со публика на трибините и немам страв. Не се плашам од Реал и верувам дека овој меч може да биде пресвртница во сезоната. Знаеме какво значење има „Ел Класико“, – изјави Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни