Поврзете се со нас

Европски првенства

Куман: Мора да освоиме нешто за да не споредуваат со генерацијата од 1988 година

Објавено

на

Холандија првпат по 16 години е во четвртфиналето на еврото, a по победата над Романија во осминафиналето, апетитите растат.

„Лалињата“ ги надиграа Романците (3:0), по два пати погодија Коди Гакпо и Даниел Мулен.

„Понекогаш е тешко да се објасни зошто играте лошо или зошто играте добро. Денеска стартот беше тежок, но потоа ја најдовме нашата игра и му направивме проблеми на ривалот. Можеби една критична точка беше тоа што предолго беше 1:0“, истакна по мечот селекторот Роналд Куман.

Холандија покажа колку може да биде опасно.

„Имаме големи таленти во тимот. Секако дека треба да освоиме нешто – тогаш сите би не споредувале со генерацијата од 1988. Фудбалот од тогаш се промени“.

Во четврт-финалето ривалот ќе биде подобар од дуелот меѓу Австрија и Турција.

„Ако не го задржиме ова ниво, нема да го направиме она што го сакаме“, рече Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни