Поврзете се со нас

Шпанија

Куман: Кога ќе престанам да уживам…

Објавено

на

Роналд Куман од минатата година е на клупата на Барселона, клуб во кој дојде до многу лош момент со многу несредени работи, пандемија со КОВИД-19 која финансиски го потона клубот за да на крајот остане и без главната ѕвезда, капитенот Лионел Меси.

Сето ова придонесе да не може да го извлече максумумот, односно се да функционира како што треба и тој да добие вистинска прилика за да покаже дека може да му донесе големи успеси на тимот, нешто што своевремено го правеше како играч.

Со оглед на тоа што резултатите не се како што треба тој е постојан притисок од јавноста, медиумите, навивачите кои дури и го нападнаа по излегувањето од „Камп Ноу“ по неделното дерби со Реал Мадрид.

Навивачите му се пуштија на Куман, едвај го напушти „Камп Ноу“ (ВИДЕО)

Меѓутоа и покрај сите проблеми Куман не се откажува и има намера да помогне и неговата желба е да работи, функционира се додека ужива во истото, а кога тоа ќе го снема ќе му се посвети на голфот која е исто негова љубов, пасија.

-Ако дојде денот да не уживам во ова, јас со задоволство ќе се тргнам на страна и ќе играм голф кој е прекрасен спорт, петпати во неделата. Ама сепак сакам да го следам овој пат. Ми се допаѓа да бидам со играчите, да тренирам, да анализирам игри, да имам победничка атмосфера, да донесувам одлуки. Ми се допаѓаше Ел Класико од пред некој ден, не резултатот, туку атмосферата.

-Знам како ова функционира, се зависи од резултатите, но сакам да уживам, без разлика дали тоа се осум години, една година или три месеци, -порача Куман кој ужива во тренеркста работа во која е веќе повеќе од две децении.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни