Поврзете се со нас

Свет

Куман ја испрати првата порака и покажа како изгледа по големиот шок: Многу сум ви благодарен (Фото)

Објавено

на

Роналд Куман изминатиов викенд претрпе голем шок откако беше итно пренесен во болницата во Амстердам поради срцеви проблеми, а како што беше пренесено, само брзата реакција на специјалистите спречила фатално сценарио за актуелниот холандски селектор.

Неколку дена подоцна, Куман се чувствува далеку подобро откако му беше извршена срцева катетеризација, па е испратен на лекување во домашни услови, од каде ни испрати и порака преку социјалните мрежи.

– Имав голема непријатност на крајот на минатиот викенд. Јас, но пред се моето семејство и моите пријатели. За среќа, медицинските лица во AMC болницата брзо ми помогнаа и ме третираа феноменално. Многу сум им благодарен.

– Благодарен сум им на сите познати во фудбалот, на клубовите и на непознатите личности. Со вашите пораки ми ја вративте вербата и сакам да ви се заблагодарам на сите.

– Сега се чувствувам феноменално, што значи дека можам да се соочам на работите со многу енергија кога топката ќе почне да се тркала на тревата. Одново: Големо благодарам за поддршката, се гледаме наскоро, – порача Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни