Поврзете се со нас

Шпанија

Куман ја доби казната за исклучувањето на дуелот со Кадиз

Објавено

на

Разочарувачкиот натпревар на Барселона на гостувањето кај Кадиз беше комплетиран со црвениот картон кој го заработи тренерот Роналд Куман.

Холанѓанецот протестираше кај четвртиот судија во завршницата на мечот, а главниот судија Карлос дел Серо Гранде му посочи дека треба да се упати кон соблекувалната.

Дисциплинската комисија денеска експресно ја соопшти казната за Куман и таа носи суспензија на следните две средби од Ла Лига.

Куман според записникот е виновен поради зборување со висок тон и кренати раце кон четвртиот судија, давање на насоки за тоа што треба да направи главниот судија, како и напуштање на делот каде му е дозволено движење.

Барселона ќе биде својот тренер против Леванте, но и тешкото гостување кај Атлетико Мадрид во следното коло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни