Поврзете се со нас

Шпанија

Куман: Излегува дека јас сум најлошиот во оваа приказна, Меси секогаш…..

Објавено

на

blank

Роналд Куман еден час после пладне ја одржа првата прес-конференција во пресрет на еден натпревар во шпанската Примера како тренер на Барселона, на која Холанѓанецот беше „нападнат“ од страна на новинарите за случувањата во клубот во последните 48 часа.

Заминувањето на Луис Суарез од клубот предизвика бура од реакции во јавноста, уште повеќе ако се знае дека Лионел Меси подготви една брутална објава на Инстаграм, со која го „жигоса“ клубот за начинот на кој го испратија Уругваецот.

Напаѓачот на своето проштално обраќање нагласи дека морал да си замине откако тренерот му порачал дека не смета на него, а бидејќи и Куман има свој удел во цела оваа разрешница, денеска мораше да дава одговори пред новинарите.

– Излегува дека јас сум најлош во оваа приказна, но не е така. Кога му се јавив на Суарез, покажав максимален респект за него како личност и играч. Му порачав дека ако остане, ќе има многу тешка задача да игра, но ако на крајот остане, ќе биде дел од изборот во тимот. Пред да потпишам договор, клубот имаше донесено неколку одлуки, а јас ги поддржав. Не станува збор само за моја одлука, – изјави Куман во пресрет на утрешниот меч со Вилјареал, а потоа се осврна на бесот кој го искажа Меси во пораката на Инстаграм.

– Нормално е Меси да биде тажен кога негов добар пријател си оди од клубот. Но, Ле е пример за сите на тренинзите и натпреварите. Откако сум тука, ниту еден ден не покажал сигнали дека не е подготвен за игра. Презентира максимално залагање, воопшто не се сомневам во него и во неговата волја за игра, – нагласи тренерот на Барса.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни