Поврзете се со нас

Шпанија

Kуман испрати порака до Меси: Тешко е да разбере…(ФОТО)

Објавено

на

Лионел Меси повеќе нема да го носи дресот на Барселона, информација која шокантно одекна пред неколку денови и се уште истата е топ тема во светот на фудбалот.

Никој не очекуваше вакво сценарио дека Барса и Аргентинецот ќе се разделат во овој момент кога медиумите подолго време информираа дека е договорена петгодишна нова соработка. Меѓутоа тоа што беше договорено меѓу играчот и клубот не помина кај Ла Лига, па едноставно мораше да дојде до разделба за која веќе говореше претседателот Жоан Лапорта, а утре тоа ќе го направи и досегашниот капитен на каталонците.

Во меѓувреме тренерот Роналд Куман ги искористи социјалнире мрежи и испрати директна порака до човекот кој со Барселона испиша нова историја, рекорди низ изминативе години.

-Тешко е да разбере дека нема повеќе да играш за Барселона. Ти благодарам за се што направи за клубот. Уживав во целата сезона што заедно ја одработивме. Импресиониран сум од твојата работна етика и желбата за победа.

-Тоа те прави најдобар играч на светот. Засега ти посакувам се најдобро на тебе и твоето семејство, -напиша Холанѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни