Поврзете се со нас

Шпанија

Куман испрати порака: Барам трпение и време

Објавено

на

Барселона врза три натпревари без победа во Примера, поточно освои само бод од пресметките со Севилја, Хетефа и Реал Мадрид по што се појави одредени незадоволство и критики на адреса на тренерот Роналд Куман.

Холандскиот стратег е свесен дека во Барселона секогаш се бараат победи и добри резултати, но воедно побара време и трпение затоа што клубот во моментов минува низ една фаза во која постојат проблеми на сите страни и мора да се издржи.

-Кога зборував со Барса да станам нејзин тренер, знаев дека нема да биде лесна задача. Прво поради промените кои сакавме да ги направиме, второ поради КОВИД кризата. Ова е голем предизвик и барам само трпение и време затоа што менуваме многу рбаоти, -истакна Куман пред дуелот со Јувентус во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни