Поврзете се со нас

Шпанија

Куман импресиониран од Фати: Многу сум среќен, пред него е блескава иднина

Објавено

на

Барселона имаше победнички старт на новата сезона во Примера, а во триумфот над Вилјареал од 4-0 дефинитивно се истакна талентираниот Ансу Фати.

Бисерот на каталонците беше двоен стралец, плус врз него беше направен пеналот кој во погодок го претвори Лионел Меси. Поради ваквото издание задоволен и среќен беше тренерот Роналд Куман кој смета дека пред Фати е голема, блескава иднина со тоа што треба да продолжи да работи, напредува за да го оствари потенцијалот.

-Мислам дека неговата игра, неговиот натпревар, неговиот перформанс мора да бидат истакнати … Јас сум многу среќен со него. Знаеме дека тој има само 17 години и мора да ги подобри работите. Мора да се бара консттентност во играта и настапот. Понекогаш му фали концентрација. Против Елче не беше добар, ама денеска беше одличен.

-Имаше одличен меч. Многу сум среќен што го имам него и Педри. Двајцата имаат одлична иднина, -рече Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни