Поврзете се со нас

Шпанија

Куман и прости 2 милиони евра на Барселона, но добро ќе го наполни џебот од отказот на „Камп Ноу“

Објавено

на

Роналд Куман не по своја волја ја заврши етапата како тренер на Барселона, што во превод значеше дека клубот ќе мора финансиски да го обесштети за предвремениот прекин на соработката која ја договори со Лапорта при крајот на минатата сезона.

Претседателот на Барса сметаше дека Куман треба да добие нов договор за тешката прва сезона која ја имаше во клубот, но само неколку месеци од стартот на втората, се одлучи за неизбежното откако првиот тим влезе во сериозна резултатска криза на која не и се гледаше крајот.

Каталонскиот великан го отпушти Куман и брзо ги договори деталите со Чави Ернандес кој веќе беше претставен на „Камп Ноу“, а еден месец по отказот, Барселона денеска постигна договор со адвокатите на Холанѓанецот.

Угледните каталонски и шпански медиуми информираат дека Куман сепак на крајот попуштил, односно се откажал од два милиони од вкупната сума која требаше да му биде исплатена.

Наместо 12 милиони евра, Куман ќе добие 10 милиони евра од Барселона до крајот на 2021-ва година, со што на фер и џентлменски начин ќе се официјализира разделбата, без судски процеси каков што е случајот со Кике Сетиен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни