Поврзете се со нас

Шпанија

Куман и Лапорта се сретнаа првпат по отказот, средбата потврди колку се „почитуваат“ (Видео)

Објавено

на

Роналд Куман замина од Барселона на начин каков што не посакуваше, а подоцна го обвини претседателот Жоан Лапорта дека сакал што побрзо да се ослободи од него.

Холанѓанецот беше заменет со уште една клупска легенда, Чави Ернандес, кој во продолжението од сезоната го потврди солидното второ место на табелата во Ла Лига.

Неколку месеци подоцна и по многу критики упатени на адреса на Лапорта, Куман имал прва средба со Лапорта, а истата покажува и каков е односот меѓу двајцата.

Куман бил еден од гостите на прославата за одбележување на европската титула освоена во 1992 година од Барселона, а при средбата со Лапорта двајцата само рутински се ракуваа и продолжија без да разменат ниту една реченица.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни