Поврзете се со нас

Шпанија

Куман го обвини Лапорта за пропаднат трансфер на Барселона

Објавено

на

Роналд Куман и натаму ги коментира случувањата во Барселона од периодот кога беше тренер на каталонскиот клуб, а во последното интервју ја префрлил вината за еден пропаднат трансфер на Жоан Лапорта.

Според Куман, претседателот на Барселона е виновен што на „Камп Ноу“ не пристигнал Џорџинио Вајналдум, холандскиот играч за врска кој во тие моменти го избра ПСЖ.

– Се обидов да го доведам Вајналдум во тимот, но не успеав, затоа што на Лапорта му беше поважно да ме нервира, отколку да ја засили екипата.

– Тој ги успоруваше преговорите, па Вајналдум на крајот реши да ја прифати понудата на ПСЖ.

– Ако не беше Лапорта, ќе постигневме договор за трансфер, – изјавил Куман за „Мундо Депортиво“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни