Поврзете се со нас

Шпанија

Куман ги откри сите детали од понижувачкиот разговор со Лапорта во месец јуни

Објавено

на

На почетокот на месец јуни, Жоан Лапорта беше убеден дека е потребна тренерска смена во Барселона по очајниот крај на сезоната во шпанската Примера, но во недостиг на добри решенија и солуции на пазарот, реши да си даде две-три седмици во обидот да пронајде нов стручњак, задржувајќи го Куман како опција за во иднина.

Ваквиот став на претседателот беше лично пренесен до холандскиот стручњак, кој сега призна дека бил навистина повреден од тоа што бил резервна опција на Лапорта, кој откако не успеа да најде посакуван тренер, изјави дека Роналд ќе остане прв тренер на каталонскиот гигант.

Неколку месеци подоцна, во Холандија почна да се емитува документарецот „Форца Куман“, во кој Роналд и неговиот агент зборуваат за тензичната и понижувачката ситуација на почетокот на месец јуни.

– Секогаш имав добар однос со Куман, а потоа во јуни ми рече: Се уште имам сомнежи околу проектот. Ми порача дека му е потребно повеќе време и дека ќе бара други опции за тренерското место. Не ми објасни ништо повеќе од тоа. Претседателот е претседател и тука е за да носи одлуки. Му реков да ми каже во лице дека не сум доволно добар за тимот и да ја завршиме историјата. Му реков да го реши проблемот ако не ме сака. Му реков да не ме остава во неизвесност и да ми вели дека има подобри опции, – вели Куман, додека далеку поостар е неговиот претставник.

– Лапорта ни кажа дека му се потребни две или три недели за да најде нов кандидат за позицијата, и дека ако не најде, Роналд ќе остане на клупата. После тоа, јас веќе никогаш не зборував со Лапорта, неговиот став беше вистинска лудост, не беше издржан. Луѓето кои го опкружуваа за среќа го убедија дека Роналд е вистинскиот човек, а потоа излезе во јавноста и истакна дека верува во него, дека се пријатели. Тоа беше лицемерие на врвно ниво во спортот, – порачува Роб Јансен, агентот на Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни