Поврзете се со нас

Шпанија

Куман ги избра најдобрите 11 во историјата на Барса: Ова е добар тим со карактер!

Објавено

на

Роналд Куман во ексклузивното интервју за „Еспорт 3“ се отвори за својот болен крај во Барселона како тренер и го доведе во прашање трансферот на Роберт Левандовски, но за време на разговорот, добил интересна задача која ја завршил по мало размислување.

Легендарниот холандски фудбалер и актуелен искусен стручњак го составил најдобриот тим на Барселона на сите времиња, односно идеалните 11 кои според него би биле непобедливи како тим.

Интересно, во изборот на Куман не се најдоа Бразилците Роналдо и Ромарио, не најде место ниту за Марадона, но ниту за Пеп Гвардиола кој беше капитен на тимот.

– Зубизарета, Алвес, Пујол, Маскерано, Жорди Алба, Чави, Нескенс, Иниеста, Меси, Кројф и Стоичков…….

– Знам дека недостасуваат многу како Марадона и Гвардиола и други, но јас барав одличен тим и играчи со карактер, – изјавил Куман кој го составувал тимот без да се брои себеси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни