Поврзете се со нас

Европски првенства

Куман директен: Ова не е пенал, ВАР го уништува фудбалот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/RonaldKoeman

Холандија остана без пласман во големото финале на Европското првенство или поточно на тој пат им застана селекцијата на Англија која ги совлада во Дортмунд со 2-1.

Холанѓаните поведоа преку Симонс за да 18 минута Англичаните добијат повеќе од дискутабилен пенал по еден контакт кој Даумфрис го имаше со Кејн.

Судијата Цвајер доби повик од ВАР собата, па откако самиот ја виде таа ситуација се одлучи да покаже на белата точка, ситуација која ја искористи Кејн за 1-1. Овој резултат беше активен до самиот финиш кога нововлезениот Воткинс одлично се снајде, биеше и погоди за 2-1 и место во последниот меч на турнирот.

„Лалињата“ се разочарани поради конечниот резултат, ама најмногу реакции има за пеналот кој беше доделен за противникот.

-Ова не е пенал. Тој сакаше само да го блокира ударот. Кеј шутира и нивната стапала се удираат. Фудбалот се уништива со вакви одлуки со ВАР, -порача Куман.

Краток коментар имаше и Дензел Дамфрис.

-Ја преземам целата одговорност за пенал моментот. Не го направив тоа намерно. Само сакав да го блокирам ударот, -порача членот на Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни