Поврзете се со нас

Шпанија

Куман: Депај и дава други работи на Барселона

Објавено

на

Барселона успешно го положи и третиот испит во подготвителниот период и славеше над Штургарт со 3-0 на средбата која се одигра во Германија.

Каталонците беа доминатни, знаеја што сакаат и благодарение на Депај, Демир и Пуч дојдоа до сигурен триумф. Најдобриот момент беше дело на летното засилување Депај кој покажа дел од своите квалитети и на мајсторски начин го отвори резултатот откако се ослободи од противникот.

-Луѓето го знаат Мемфис затоа што тој беше во Манчестер Јунајтед и Лион. Денес покажа дека може да постигне гол, бидејќи го постигна првиот со индивидуална игра. Со својата игра, брзина и сила, тој му дава други работи на тимот.

-Неговото партнерство со Антоан Гризман беше многу добро. Имаме играчи кои можат да играат на различни позиции во нападот. Исто го имаме и Серхио Агуеро. Се надевам дека и Лео [Меси] ќе се врати. Значи имаме квалитет во напаѓачката линија, -рече тренерот Роналд Куман кој е задоволен од тимот.

-Навистина сум многу среќен поради перформансите бидејќи мислам дека добро се справивме против тим кој има завршено повеќе работа во претсезоната, бидејќи тие започнаа порано од нас. Мислам дека одигравме добро и имавме добар посед на топка.

-Постигнавме два одлични гола во првото полувреме, а во второто ја контролиравме играта и имавме уште повеќе шанси да постигнеме повеќе голови. Дадовме минути и време на неколку играчи и генерално тоа беше стандардот што сакаме да го покажеме, -порача Холанѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни