Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Куман: Дали Барселона може да ја освои ЛШ? Тоа е прашање…

Објавено

на

Утре започнува новата сезона во Лигата на шампионите, а првиот ден го носи дербито меѓу Барселона и Баерн Минхен, два тима кои имаат 11 пехари во ова натпреварување.

За благ фаворит на пресметката на „Камп Ноу“ важи Баерн затоа што Барселона минува низ процес, доаѓа нова генерација, го нема ниту Лионел Меси, дел од играчите се повредени и ќе биде интересно што каталонците ќе можат да понудат, но и што можат да направат оваа сезона.

Тренерот Роналд Куман на денешниот прес доби интересно прашање за кое немаше одговор.

-Дали Барселона може да ја освои ЛШ? Ме прашувате за нешто на кое не можам да одговорам. Утре го имаме првиот натпревар во Лигата на шампионите каде што можеме да извлечеме заклучоци бидејќи се соочуваме со тим кој има аспирации се да освои.

-Ние менуваме работи. Челзи го освои натпреварувањето минатата година, а сигурно не беше меѓу двата, три фаворити за триумф. Значи тоа е прашање на кое не можам да одговорам, -истакна Куман.

Во групата на Барса и Баерн се уште Бенфика и Динамо Киев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни