Шпанија
Куман: Чудно е да го гледам Меси во друг дрес, јас сум за…

Лионел Меси ќе мора да го реши најважното прашање во наредниот период, а тоа е дали ќе остане во сегашната клупска средина или истата ќе ја промени по крајот на кампањата.
Аргентинецот е под договор со ПСЖ до 30 јуни и веќе некое време има можност да преговара со сите заинтересирани екипи за неговите услуги, поточно да се разбере со нив и без обештетување премине во нивните редови.
Барселона најмногу се поврзува со ветеранот што би значело негов кам-бек на „Камп Ноу“ по пауза од две години, во клубот во кој ги мина најубавите времиња во кариерата. Многу работи ќе треба да се средат пред се од финансиски аспект за да се реализира ова, но светските медиуми пред се шпанските пренесуваат дека каталонците веќе работат на случајот, бараат формула која ќе доведе до реализација на трансферот.
Роналд Куман работеше во Меси во шпанскиот великан и Холанѓанецот се надева дека напаѓачот ќе може да се врати дома за тоа што му е многу чудно да го гледа во друг дрес.
-Тој е најдобриот играч на светот, секој што може да го има ќе биде силен. Го доживеав неговото заминување од прва рака и тоа беше многу лош ден. Кога го гледам Лео во друг дрес, многу ми е чудно. Не знам каква е ситуацијата или што мисли Лео. Јас сум за тоа да Меси биде играч на Барса, -истакна легендата на Барселона.
-
Балканпред 19 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 6 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шахпред 6 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 10 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 4 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 11 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Италијапред 11 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки