Поврзете се со нас

Шпанија

Куман бараше решенија на клупата, убиствениот поглед на Рики стана вирален хит (Видео)

Објавено

на

Рики Пуч би бил еден од најсреќните играчи во Барселона доколку Куман на крајот не ја добие довербата од водечките луѓе на Барселона, бидејќи ситуацијата на талентираниот фудбалер е идентично лоша како и минатата сезона.

Офанзивниот фудбалер воопшто не ужива доверба од тренерот и едвај да добива шанса на теренот, но иако вчера одигра десетина минути против Кадиз, во фокусот се најде една негова реакција од првото полувреме.

Со оглед на лошата игра на Барса уште во раната фаза, Куман бараше решенија на клупата уште по 30 минути игра, а убиствениот поглед кој му го упати Рики додека Роналд се движеше пред клупата стана вирален на социјалните мрежи.

Рики седеше до Серхи Роберто кој беше испратен на загревање и кој влезе на стартот на вториот дел, но фацијалната експресија на младиот Пуч стана омилена меѓу фановите на Барса, бидејќи многу се пронајдоа себеси во неговиот израз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни