Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кулушевски во улога на џокер на Алегри, Јувентус го победи Зенит (Видео)

Објавено

на

Дејан Кулушевски се покажа како вистински џокер за Јувентус на гостувањето кај Зенит и го постигна единствениот гол на средбата која заврши со резултат 0:1.

Италијанскиот состав имаше поголем посед на топката и повеќе сериозни шанси во однос на рускиот состав, а трпеливоста се исплатеше откако шведскиот репрезентативец погоди во 86. минута.

Де Шилјо повторно ја искористи довербата на Алегри и испрати прецизно нафрлување, а Кулушевски иако не постигнува често голови со глава, овој пат успеа да го совлада голманот на Зенит.

Со минималната победа, Јувентус останува на врвот во групата каде актуелниот европски првак Челси го победи Малме со 4:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни