Поврзете се со нас

Европски првенства

Кулушевски присуствувал на забава, шведските фанови лути поради неодговорноста (Видео)

Објавено

на

Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски, предизвика многу реакции во скандинавската земја откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа дека присуствувал на забава за време на подготовките со својата репрезентација.

Фудбалерот на Јувентус имаше позитивен тест на ковид-19 и сигурно ќе го пропушти првиот натпревар на Шведска против Шпанија, а она што ги налути фановите е фактот што тој ги прекршил протоколите.

Забавата се случила во Стокхолм и тоа во организација на сестрата на фудбалерот, а никој од присутните не ги почитувал анти-ковид мерките, со што и Кулушевски се ставил на ризик за да се зарази со вирусот, а потоа да им го пренесе на репрезентативните колеги во „меурот“.

Селекторот Јане Андерсон сепак застана на страната на фудбалерот, тврдејќи дека Кулушевски не се заразил тој ден.

– Одлуката да присуствува на забавата не била добра, но тој дефинитивно не се заразил тогаш. Дејан е тажен поради ситуацијата, пред се и поради тоа што не знаел дека е заразен кога влезе во репрезентативниот „меур“, – изјавил Андерсон.

Кулушевски беше еден од ретките фудбалери на Јувентус кој од почетокот на пандемијата не се зарази со вирусот и не беше на принудна пауза и во изолација од оваа причина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни