Поврзете се со нас

Лига на нации

Кулушевски постигна два гола со капитенската лента на Шведска, Ѓекереш издоминира со „покер“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/svenskfotboll

Шведска со пет победи и едно реми обезбеди промоција во Лигата Б во Лигата на нации, а последното репрезентативно искуство за 2024-та година го заврши со триумф од 6:0.

Швеѓаните немаа милост кон гостите од Азербејџан и до врв ја наполнија нивната мрежа во Стокхолм, натпревар на кој издоминираа Дејан Кулушевски и Виктор Ѓекереш.

Фудбалерот со македонски корени ја носеше капитенската лента на Шведска и постигна два гола во победата од 6:0, во која домаќините постигнаа уште четири гола, а промашија и еден пенал.

Исак не успеа да се запише во листата на стрелците од белата точка, но затоа Ѓекереш ја продолжи својата страшна голгетерска форма со „покер“.

Напаѓачот на Спортинг Лисабон постигна четири погодоци во мрежата на Азербејџан, па заедно со Кулушевски беа нерешлива енигма за противниците.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни