Поврзете се со нас

Италија

Кулушевски објасни зошто го одбрал Јувентус пред Интер

Објавено

на

Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски образложи зошто се одлучи да го избере и потпише за Јувентус пред Интер.

Двата големи италијански клубови го бркаа офанзивецот по одличните настапи во првиот дел од сезоната во Серија А за да таа битка ја добие Јувентус кој транферот го објави во месеци јануари со тоа што Кулушевски беше испратен на позајмица во Парма да ја доигра актуелната кампања.

Кулушевски ја донел оваа одлука поради тактички причини, поточно смета дека стилот на Маурицио Сари повеќе одговара на неговата игра.

-Да, одлуката ја донесов поради тактички причини. Со Конте, движењата се различни во однос на тактичкото поставување. И јас се сомневав во тоа. Сари беше добар, ме опушти. Јас го знаев неговиот тим во Челси и стилот на игра. Поради тоа и го одбрав Јувентус, -истакна Дејан.

Воедно Кулушевски проговори и за деното кога го потпиша договорот со Јувентус.

-Колку беше возбудливо тој ден на стадионот – единствена атмосфера. Роналдо ми рече: Добредојде Дејан, како си? Буфон и Кјелини беа добри кон мене. Тоа беше огромна радост за едно момче кое досега ги гледаше само на ТВ.

-Не можам да дочекам да се поврзам со Дибала и неговата магична лева нога. Во секој случај, сега знам да играм во повеќе улоги и планирам да најдам место за мене во Торино, -порача 20-годишниот шведски репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни