Поврзете се со нас

Италија

Кулушевски: Бев засрамен од ситуацијата во Јувентус

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Дејан Кулушевски има одлична сезона во редовите на Тотенхем и со своите соиграчи се бори за место кое ќе го одведе лондонскиот клуб во Лигата на шампионите.

Шведскиот репрезентативец со македонско потекло, во последното интервју зборувал за периодот во кој беше член на Јувентус и во кој не добиваше соодветна минутажа во италијанскиот состав. Тоа беше и причина среде сезона да ја прифати понудата на Тотенхем, за подоцна неговиот договор да биде целосно откупен.

– Ретко добивав шанса да бидам стартер цели шест месеци.

– Поради тоа се чувствував лошо затоа што тренирам напорно и жртвувам многу за оваа игра, а на крајот гледав фудбалери кои не се ни крилни играчи како настапуваат на мојата позиција.

– Искрено, се чувствував засрамено и безвреден, некои луѓе почнуваа да зборуваат дека не сум доволно добар за Јувентус, дека сум преспор. Тоа дефинитивно имаше влијание врз мене, а кога почнуваш да веруваш во нивните зборови, тоа е ѓаволот лично, – вели Кулушевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни