Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кулибали очекува Наполи да ја исфрли Барселона од ЛШ: Таму нема иста страст и притисок

Објавено

на

foto:twitter.com/Alhilal_EN

Барселона и Наполи ќе се борат за место во четвртфиналето во Лигата на шампионите, поточно реваншот закажан за вторник на „Монжуик“ ќе го почнат од „нула“ затоа што првата средба заврши без победник 1-1 и веќе некое време не важи правилото во гости.

Барса си има свои проблеми особено со повредени играчи, Наполи пак е далеку од шампионскиот тим од минатата сезона и токму поради тоа се очекува да биде неизвесно, драматично до самиот крај на средбата во Каталонија.

Според некогашниот стопер на калчолигашот, Калиду Кулибали гостите од Италија се во предност и верува дека ќе поминат во наредната фаза.

-Го сакам Наполи, клубот, навивачите и градот. Работите сега се подобруваат, се надевам дека ќе одат што подалеку во Лигата на шампионите. Наполи има се за да се квалификува. Неиграњето на „Камп Ноу3 може да биде предност. На „Монжиук“ нема иста страст и притисок. Се надевам дека Наполи ќе се квалификува. Барселона има талентирани играчи и одличен тренер, но Наполи повторно е организиран и може да им наштети, -истакна Сенегалецот за „Газета Дело Спорт“.

Средбата е закажана за вторник од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни