Италија
Кулибали: Нема повеќе изговори, мораме до Топ 4 по секоја цена

Италијанскиот прволигаш Наполи доживеа елиминација од Лига Европа и покрај тоа што славеше над Гранада со 2-1 во реваншот од 1/16 финалната рунда во ова натпреварување.
Оваа победа на наполитанците беше пирова со оглед на тоа што шпанскиот тим дома славеше чисто со 2-0, па сега ќе има шанса да дојде и до четвртфиналето ако се знае дека ќе ја има фаворитската улога во битката против Молде.
Новиот „пораз“ на Наполи значи сега само се живи во едно натпреварување и тоа во Серија А, па стоперот Калиду Кулибали ја искористи приликата да испрати јасна порака до соиграчите.
-Разочарани сме, можевме повеќе да направиме. Беше тешко по поразот од 2-0 на првата средба, нивниот израмнувачки погодок ни го зема воздухот, ама се обидувавме до крајот. Сакавме да се пласираме понатаму и затоа оваа елиминација е болна. Уште еднаш видовме дека Гранада играше со сите играчи зад топката, -рече Кулибали и додаде:
-Сега нема повеќе изговори. Нашата цел е да се вратиме во Лигата на шампионите и мора да направиме се за да бидеме во Топ 4. Едноставно, тоа е премногу важно за нас, ние мора да бидеме во Топ 4 по секоја цена, -заврши стоперот.
Наполи во Калчото е на 7 позиција со 40 освоени бода.

- Англијапред 22 часа
Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс
- Англијапред 23 часа
Позната причината поради која Даниел Леви го отпуштил Жозе Мурињо
- Светпред 22 часа
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
- Англијапред 21 час
Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)
- Англијапред 24 часа
Фудбалерите го креваат гласот: Хендерсон ќе ги собере сите капитени и ќе ги обедини против Супер лигата
- Италијапред 21 час
Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус
- Лига на шампионипред 21 час
Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига
- Светпред 10 часа
Пике со прва реакција откако шесте англиски премиерлигаши го „закопаа“ проектот на Флорентино (Фото)