Поврзете се со нас

Италија

Кулибали ја објасни својата невообичаена прослава по клучниот гол против Јувентус (Видео)

Објавено

на

Калиду Кулибали со големо задоволство го прифати подарокот од Кеан и постигна гол за 2:1 во самата завршница кој значеше и победа за Наполи во големото дерби со Јувентус, погодок по кој фановите кои го следеа мечот беа сведоци и на една симпатична и невообичаена прослава од страна на дефанзивецот.

Стоперот на Наполи ретко се запишува во листата на стрелците, но веќе вторпат го прави тоа против Јувентус, па слично како пред неколку години во Торино, неговиот гол вчера му донесе триумф на Наполи во големото дерби.

Сенегалецот со голема еуфорија се упати кон главната трибина на стадионот „Диего Армандо Марадона“, а во моментите на вистинска екстаза, го позајми апаратот од фоторепортерот и овековечи еден незаборавен момент за него.

Кулибали ги фотографираше тифозите на Наполи, а по триумфот откри зошто го направи тоа.

– Ги гледав фановите горе на трибината и сакав да го овековечам овој момент со фотографија, беше навистина убаво чувство. Оваа победа е за фановите. Тие многу ни недостасуваа во овие тешки времиња, ги немаше повеќе од една година и сега сите сме среќни што играме пред нив, – изјави Кулибали.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни