Поврзете се со нас

Европски првенства

Кукурелја: Топката ме погоди во рака, но…

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Шпанија ја совлада Германија и со тоа се избори за место во полуфиналето на Европското првенство во кое за ривал ќе ја има селекцијата на Франција.

Шпанците на драматичен начин со гол во самиот финиш на второто продолженија дојдоа до победа од 2-1, но претходно во оваа „нова фаза“ имаше еден спорен моменти, игра со рака на Марк Кукурелја по ударот на Џамал Мусиала. Сите очекуваа удар од 11 метри, но до таква одлука не дојде за што имаше реакции за да потоа стигна официјално објаснување за тоа зошто не беше досуден пенал.

Германците не добија чист пенал поради новото правило на УЕФА (Фото)

Во меѓувреме Марк доби можност да проговори за таа ситуација, па порача:

-Топката ме погоди во рака, но судијата веднаш рече дека нема пенал и тоа ме смири. Ако експертите велат дека тоа не е рака, тогаш тоа не е рака. На крајот на краиштата, такви работи се случуваат за време на натпреварите и ако Германија победеше, воопшто немаше да се зборува за нешто контроверзно. Ние може да се жалиме зошто Крос не беше исклучен, -истакна членот на Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни