Англија
Кукурелја со срамна глума ги разлути играчите на Брентфорд, но и неутралните фанови (Видео)
Марк Кукурелја важи за играч кој има непопуларен статус меѓу колегите во Премиер лигата, а зошто е тоа така добивме потврда и на вчерашниот натпревар на „Стемфорд Бриџ“.
Челси прими гол од Брентфорд и се најде во ситуација да ја брани предноста од 2:1 во самата завршница, период во кој видовме и една неблагодарна глума на Кукурелја.
Левиот бек на Челси симулираше дека добива удар од Јанелт и се струполи на земја, а на оваа негова глума наседна главниот судија Бенкс кој му покажа жолт картон на противникот.
Поради непотребната глупа на Шпанецот, играчите на Брентфорд жестоко се налутија во последните минути и тензијата продолжи и по последниот судиски свиреж, па на крајот втор жолт картон доби и Кукурелја кој сега ќе го пропушти наредниот меч во Премиер лигата.
Црвениот картон пристигна за потег кој не беше поврзан со оној од 96-та минута, но фановите на Премиер лигата сметаат дека е крајно време да се воведе казна во англиската елита за вакви немили епизоди.
Во истиот ден, срамен обид за глума имаше и Кајл Вокер, па слободно може да се каже дека дефанзивците на Сити и Челси се посрамотија со своите постапки.
Глумата на Кукурелја погледнете ја ТУКА
-
Англија20 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП14 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Репрезентација16 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија13 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Македонија22 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија13 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Германија17 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…