Англија
Кукурелја се отвори за најтешката битка која ја води со својот син: Дијагнозата беше утврдена по трансферот во Челси

Марк Кукурелја во само еден месец успеа да ја заборави ужасната сезона која ја остави зад себе во Челси, па откако стана европски шампион, игра на навистина високо ниво и на клупски план.
Левиот бек е стандарден во системот на Енцо Мареска и неговата просечна оценка оваа сезона е навистина висока, а во период кога навистина добро му оди на професионален план, шпанскиот репрезентативец реши да се исповеда и да открие една битка која ја води секојдневно.
Кукурелја има три деца со својата сопруга Клаудија Родригез, но нивниот најстар син Матео од најмала возраст води битка со аутизам, а воедно тоа е битка која ја водат и двајцата родители.
– Ја дознавме точната дијагноза по мојот трансфер во Челси. Додека бев во Брајтон, ни велеа дека се уште е многу мал за да се утврди за што точно се работи. Аутистичното дете е исто како сите останати, само што работите ги прави и ги сфаќа доста побавно. Не е едноставно и за родителите, мора да учите новите работи за да се обидете да го сфатите своето дете.
– Навистина ни беше многу тешко на почетокот. Тој одеше во нормално училиште и моравме да одиме секој ден за да го земеме порано. Навистина не знаевме како да му помогнеме, се додека не дојдовме во Лондон. Тука ни пронајдоа адекватно училиште, ни помагаат и постојано имаат разговори со нас. Не научија како да се справуваме полесно. Во тоа време не ми одеше добро и на фудбалскиот терен, нормално е приватниот живот да влијае е на професионален план. Сега е многу подобро за сите, ситуацијата е многу подобра и дома, но и на теренот, – потенира Кукурелја.
-
НБА6 часа
Лејкерс загуби во разочарувачката шутерска ноќ на Дончиќ, Мареј „експлодираше“ со личен рекорд (Видео)
-
Лига на шампиони23 часа
Фан од трибините ја сними еуфоричната реакција на Мбапе по голот за победа на Белингам (Видео)
-
Англија22 часа
Далот: Јунајтед може да ја освои Премиер лигата под водство на Аморим
-
Англија8 часа
Последното дерби на „Гудисон“ заврши со хаос на теренот, црвен картон заработи и Арне Слот (Видео)
-
Англија21 час
Карагер за провокативниот банер на „Итихад“: Реал се посрамоти, но Сити требаше да покаже класа
-
Англија6 часа
Ван Дајк откри што му порачал на Оливер по последниот судиски свиреж
-
Англија7 часа
Венгер посебно изненаден од еден неочекуван јануарски трансфер во Премиер лигата
-
Лига на шампиони7 часа
Бесниот Консеисао одговори на само едно прашање и го напушти пресот (Видео)