Поврзете се со нас

Англија

Кукурелја се огласи за одмаздата на Халанд: Повторно би го направил истото

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Еден фудбалски турнир може да смени многу работи во една кариера, а жив доказ за тоа е Марк Кукурелја кој после лошата сезона во Челси, имаше лето за паметење во Германија.

Левиот бек прерасна во незаменлив во тимот на Луис де ла Фуенте и имаше брилијантни изданија на Европското првенство, но посебно го привлече вниманието по крајот на истото, кога при прославата сам ја испеа песната која некое време кружеше во јавноста.

Кукурелја во дел од стиховите го исмеа Ерлинг и порача дека „Халанд стравува од него“, па во ситуација кога оваа шега доби големо значење во јавноста, напаѓачот на Манчестер Сити доби голема мотивација за одмазда.

Тоа го направи веќе во првото коло во Премиер лигата кога погоди за водство на Сити токму во дуел со Кукурелја, а гледајќи ја цела оваа ситуација од друга перспектива, Марк вели дека не жали за ништо од стореното.

– Песната беше измислена уште пред неколку години и стана вирална на ТикТок. Се обрна големо внимание и играчите од репрезентацијата побараа сам да ја испеам. Не можев да ги одбијам, немав друга опција откако станавме европски шампиони. Среќен сум што го направив тоа, бидејќи беше наголемо споделувана. Тоа е песна која сега ќе ја знае цел свет, секогаш ќе остане во сеќавање на Европското првенство.

– Во Англија се даде големо значење на оваа песна и такви работи се случуваат. Кога споменувате некое име во една песна, тоа значи дека тој човек нешто вреди, Халанд е играч од највисока класа. На крајот, сите сме среќни и задоволни. Тој поради тоа што постигна гол против мене, а јас поради тоа што го освоив Европското првенство. Повторно би го направил истото, – вели Кукурелја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни