Поврзете се со нас

Англија

Кукурелја донесе победа за Челси, Тотенхем спасуваше бод против Борнмут (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/ChelseaFC

Тотенхем и Борнмут освоија по еден бод од денешниот меѓусебен дуел (2:2), додека Челси освои важни три бода во дуелот со Лестер (1:0).

Борнмут водеше со 0:2, со головите на Таверние и Еванилсон до 67. минута, но Тотенхем успеа да се врати во натпреварот.

Сар намали, а капитенот Сон во 84. минута ги постави конечните 2:2.

Кол Палмер првпат не реализираше пенал како играч на Челси, но тоа промашување нема големо значење бидејќи Марк Кукурелја постигна гол за победа.

Шпанскиот бек реализираше во 60. минута и ги постави конечните 1:0, со кои Челси сега е на четвртото место на табелата, со два повеќе од Манчестер Сити.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни