Поврзете се со нас

Англија

Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Челси се спасуваше од пораз на домашен терен и капитенот Рис Џејмс со мајсторија од слободен удар донесе барем бод против Борнмут, тим кој уште еднаш се покажа дека е крајно незгоден за сите големи фаворити во Премиер лигата.

„Црешите“ направија пресврт по воведниот гол на Кол Палмер и водеа до самиот крај на натпреварот, но на крајот дојде до поделба на бодовите, која ако се суди реално, беше и заслужена.

Четирите постигнати погодоци ги задоволија неутралните фанови кои го следеа овој меч, но истиот беше одбележан и од еден несекојдневен инцидент кој предизвика и дебата во јавноста.

Дејвид Брукс се чини дека вчера беше најсреќниот човек во фудбалот, а причина за тоа е судиското убедување на Роберт Џонс.

Главниот судија на мечот реши да не го исклучи фудбалерот на Борнмут и покрај тоа што зададе безобразен удар во вратот на Марк Кукурелја, инцидент кој според сите прописи треба да биде окарактеризиран како прекршол за црвен картон.

За да биде уште побизарно, самиот Џонс го гледаше инцидентот и преку ВАР мониторот, па иако добри доказ за агресијата, реши да биде првиот судија во историјата на Премиер лигата кој отфрлил сугестија на ВАР собата за доделување на црвен картон.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни