Поврзете се со нас

Свет

Кукоч за споредбите со Дражен Петровиќ: Посакувам да беше тука со мене…

Објавено

на

Тони Кукоч беше многу актуелен периодов поради документарецот „Последниот танц“, а деновиве неговите ставови повторн добиваат на интензитет поради учеството во подкаст гостување на телевизијата „Спортклуб“.

Хрватската кошаркарска легенда зборувал на многу теми, а една од нив била традиционалната споредба на Кукоч со неговиот сонародник Дражен Петровиќ и одлуката кој е најдобар хрватски кошаркар на сите времиња.

За жал, Петровиќ загина во сообраќајна несреќа во 1993 година и не ја комплетираше кариерата со голем потенцијал, но Кукоч вели дека ова прашање не е најважно во ситуација кога Дражен доживеа трагедија.

– Не знам кој беше подобар, секој има свое размислување.

– Најмногу би сакал сега Дражен да беше тука, па ние двајца да ја коментираме оваа тема. Штета, се случи трагедија… Кој е подобар? Немам поим, за тоа нека одлучуваат мудрите глави, – рекол Кукоч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни