Поврзете се со нас

НБА

Кукоч: Сите зборуваат за Џордан, но Булси немаше да бидат таков шампионски тим без…..

Објавено

на

blank

Тони Кукоч беше една од ѕвездите кои беа незадоволни од начинот на кој беше претставен шампионскиот тим на Чикаго Булс во легендарниот документарец на Мајкл Џордан, па во најновото интервју кое го нарпави за „Спорт Клуб“, Хрватот уште еднаш се огласи за „Последниот танц“ и содржината на филмот.

Кукоч кој сега е советник во Чикаго Булс открива дека во моменти на пандемија не може да биде блиску до тимот и играчите кои се комплетно изолирани, но во интервјуто не можеше да го избегне прашањето за својот неповторлив соиграч кој на почетокот на 2020-та година стана вистински хит со документарецот кој се прикажуваше во неколку епизоди.

Реално гледано, како главен негативец во филмот беше прикажан Скоти Пипен кој потоа во неколку наврати ја критикуваше содржината на документарецот, исто како и Тони Кукоч кој смета дека Џордан и Чикаго нема да ги имале сите тие успеси ако не бил Скоти.

– Пипен навистина не заслужи такво прикажување во филмот. Изгледаше како да се подвлечени само три, четири работи и истите беа негативни. Говориме за човек кој во тие десет години во НБА лигата беше меѓу топ 5 во светот.

– Ако гледаме по тоа што го правеше во двата правци, тогаш беше и најдобар во светот. Сите знавме дека колку и да беше Мајкл добар, без Скоти и неговите одбрани, скокови, пренесувања на топки и несебичноста, Булси немаше да бидат тоа што беа и тоа ќе ви го кажат сите играчи од тој шампионски тим, – потенцира Кукоч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни