Поврзете се со нас

Свет

Кукоч при влезот во Куќата на славни: Им благодарам на Џордан и Пипен што ме растурија на Олимпијадата

Објавено

на

Легендарниот хрватски кошаркар Тони Кукоч утринава и официјално беше претставен како нов член на кошаркарската Куќа на славни.

Поранешната НБА ѕвезда заслужено се најде меѓу најголемите кошаркарски имиња во историјата на овој спорт, а во Спрингфилд го воведе неговиот поранешен соиграч и според многумина, најголемиот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан.

– Би сакал да му се заблагодарам на господинот кој седи овде. Им благодарам на Мајкл Џордан и Скоти Пипен што ме растурија на Олимписките игри во 1992 година и ме натераа да работам уште понапорно за да станам поважен член на Чикаго Булс, – рекол Кукоч во дел од својот говор.

Кукоч стана петтиот Хрват во Куќата на славни, а претходно ваква чест добија Крешимир Ќосиќ, Дражен Петровиќ, Мирко Новосел и Дино Раѓа.

Кукоч имаше одлични сезони и освои многу трофеи со Југопластика и Бенетон, а мина дури 13 сезони во НБА лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни