НБА
Кукоч откри дека му се јавил на Џордан: Среќен сум што заврши „Последниот танц“!
Десетте епизоди на мега популарниот серијал „Последниот танц“ ни го покажаа и другото, далеку подрско лице на Мајкл Џордан, човекот кој беше најважен во незаборавната династија која ја изгради Чикаго Булс во НБА лигата.
Иако во документарецот главен фокус беше последната сезона од историскиот поход на „биковите“, во филмот се открија и ниските удари и пораки кои Џордан им ги испраќал на своите соиграчи, па откако серијалот и официјално заврши со емитувањето на деветтата и десеттата епизода, со свој завршен коментар излезе Тони Кукоч.
Хрватот ги критикуваше првите две епизоди и нагласи дека сака документарецот повеќе да биде посветен кон успесите на тимот, а не за пикантериите зад сцената, но иако сега не даде завршна оцена за „Последниот танц“, призна дека е среќен што конечно нема да има нови епизоди.
– Џордан со сите се однесуваше така како што е прикажано во филмот. Ни со мене не беше поинаку. Не тераше да одиме до крај, до лимитот. Тоа не беше едноставно и не можеше секој да го поднесе, но тоа се случуваше. Постоеше хиерархија и секој си го знаеше своето место во тимот, – вели Кукоч во опширното интервју за грчки „Спорт 24“.
– Многу ми е лесно да кажам кој е „ГОАТ“ (најголем на сите времиња). Тоа е Мајкл Џордан, тој направи од кошарката глобален спорт. Тешко е да се избере најдобриот и најголемиот, но му давам предност на Џордан пред сите, мислам дека би бил најдобар во секоја ера, – додава Кукоч и за крај завршува.
– Разговарав со Мајкл пред неколку дена и му реков дека сум среќен што заврши „Последниот танц“. Знаете зошто? Зошто во изминативе три седмици добив повеќе телефонски повици од последните 20 години, – открива Тони.
-
Репрезентација20 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства20 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија23 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
Светски првенства11 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
АТП24 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Светски првенства8 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
Репрезентација20 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Шпанија12 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…